Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.

Новозибраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја оконча војната во Украина „за еден ден“. Не изнесе детали, како планира тоа да го постигне. По неговата изборна победа на почетокот на ноември, има огромен број на теории, а многумина аналитичари веруваат дека во моментов активно се работи на план за окончување на конфликтот.

Киев очекува дека новозибраниот американски претседател ќе се обиде да ги донесе Киев и Москва на преговарачката маса на самиот почеток од неговиот мандат. Претседателот на Украина Владимир Зеленски дури внимателно изрази намера „идната година да ја оконча војната со дипломатски средства“.

Состојбата на фронтот се повеќе се врти во корист на Русија и таа продолжува со продори на сите линии од фронтот. Руските сили напредуваат во областа на источен Донбас, а се движат и во правец на градовите Купјанск во Харковската област и Запорожје, огромен регионален центар на југоистокот.

Во октомври годинава Русија успеа да заземе дополнителни 500 квадратни километри украинска територија, што е нејзин најзначаен пробив уште од март 2022. Според Зеленски, под руска окупација во моментов е 27 насто од украинската територија, а во нив спаѓаат и Крим и делови од истокот на земјата што ги окупираа Русите во 2014.

Украинските градови Суми, Харков, Одеса и Киев секојдневно се мета на напади со дронови и наведувани бомби. Москва истовремено, наводно подготвува голема контраофанзива во руската Курска област, за што ангажираше и војници од Северна Кореја. Украина зазеде делови од оваа област во август со изненадувачки прекуграничен напад и го држи како залог во потенцијални мировни преговори.

Украинските аналитичари и воени претставници тврдат дека на Русија и се брза да заземе што е можно повеќе украинска територија, во случај преговорите за мир да започнат веднаш по инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025. Нашироко се смета дека рускиот претседател Владимир Путин сака да стигне до границите на Доњецката и Луганската област, или дури и да заземе уште една регионална престолнина Запорожје.

Времето не е на страната на Украина, затоа што се соочува со акутен недостиг на војници за фронтот. Многумина мажи се обидуваат да ја избегнат регрутацијата, додека оние што се борат веќе две и пол години се исцрпени. Проширувањето на мобилизацијата е контроверзно прашање за украинското општество, украинскиот народ е исцрпен од војната и сега живее во страв од зимата, за која многумина веруваат дека ќе биде многу сурова.

Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.

И Украина и Русија ги исчекуваат првите чекори на новата американска администрација во врска со војната, но на сите им е јасно дека потенцијалните мировни преговори ќе бидат многу комплицирани и долги. И двете земји и нивните лидери, претседателите Зеленски и Путин имаат високи влогови во разрешницата на овој конфликт, а нивната иднина ќе зависи од тоа колку добро ќе излезат од потенцијалните преговори.

Оксана Торп

Би Би Си Украина  

Слични новости

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за територијални отстапки и нагласува дека Киев мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија пет извори за Reuters

Воздушен напад врз Киев, Американците ја затворија амбасадата

Воздушен напад врз Киев, Американците ја затворија амбасадата

Укринформ известува дека во Киев е во сила воздушна тревога, а дека во украинската претсолнина се слушаат експлозии. Украинската војска ги предупреди граѓаните на беспилотни летала над Киев, а активирана е противвоздушната одбрана.