Меѓународната агенција за рејтинзи S&P Global неочекувано го намали кредитниот рејтинг на Франција, предупредувајќи дека политичката нестабилност ги загрозува напорите на владата да воведе ред во јавните финансии.

Рејтингот на Франција беше намален во петокот од „AA-/A-1+“ на „A+/A-1“, на крајот од седмицата обележана со политички превирања и ветување на францускиот премиер Себастијан Лекорну да ја одложи непопуларната пензиска реформа до претседателските избори во 2027 година.

Агенцијата во февруари посочи дека може да го намали рејтингот, менувајќи ја перспективата од стабилна во негативна, но ја донесе одлуката дури во петокот, надвор од редовниот распоред за проценка на францускиот долг.

„Очекуваме политичката неизвесност да влијае врз француската економија, бидејќи ќе ја намали инвестициската активност и приватната потрошувачка, а со тоа и економскиот раст“, ​​соопшти S&P.

Владата на Лекорну ја доби довербата на мнозинството пратеници дури по отстапката за пензиската реформа што на премеирот му ја обезбеди поддршката од социјалистичките пратеници.

Премиерот сега се соочува со тешка битка во парламентот за предлогот за буџетот за 2026 година, која започнува денеска.

Коментирајќи го намалувањето на рејтингот, министерот за финансии Ролан Лескур рече дека сега е „колективна одговорност на владата и парламентот“ да усвојат буџет до крајот на годината за да се отвори патот за сведување на буџетскиот дефицит под плафонот на ЕУ од три отсто од БДП-то до 2029 година.

Според S&P, усвојувањето на буџетот до крајот на годината би донело поголема јасност во плановите на владата за управување со долгот, кој се очекува да се зголеми на 121 отсто од БДП-то до 2028 година, од 112 отсто од БДП-то на крајот на 2024 година.

„Сепак, веруваме дека неизвесноста во врска со јавните финансии ќе остане зголемена пред претседателските избори во 2027 година“, нагласи S&P.

Агенцијата, исто така, посочи дека ќе го задржи новиот рејтинг за долгот на Франција до натамошно известување, што, според нив, го одразува балансот меѓу кредитната сила на Франција и растот на долгот и кревкиот политички консензус за динамиката на консолидацијата на буџетот.

И другата кредитна агенција Fitch го намали кредитниот рејтинг на Франција кон средината на септември, предупредувајќи дека политичката нестабилност го стеснува просторот за маневрирање за намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, потсетува Reuters.

Fitch го објасни намалувањето на француските должнички хартии од вредност, од „AA-“ на „A+“, со високиот јавен долг со тренд на раст и ограничени изгледи за економски реформи поради политичката поларизација и нестабилност.

globe

Слични новости

Нормализацијата на снабдувањето ги турна цените на нафтата под 62 долари

Нормализацијата на снабдувањето ги турна цените на нафтата под 62 долари

Цените на нафтата паднаа под 62 долари во вторникот на меѓународните пазари, со најави на Казахстан за свртување кон алтернативните првавци за испорачување во Кина и нормализација на снабдувањето од Ирак

Европската Унија покрена антимонополска истрага против Гугл

Европската Унија покрена антимонополска истрага против Гугл

Европската комисија денеска покрена антимонополска истрага против Гугл поради сомнение дека компанијата ги користи содржините на издавачи и креатори од Јутјуб за потребите за развој на вештачката интелигенција, без за тоа да им плати на авторите

Германскиот извоз падна во октомври

Германскиот извоз падна во октомври

Германскиот извоз падна во октомври, при што се намалија испораките во САД и Кина се намалија, покажаа податоците од статистичката служба објавени во вторникот