Украинскиот претседател Володимир Зеленски ужива поддршка од 57 отсто, покажа анкетата објавена во средата, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека рејтингот на Зеленски е само четири отсто.
Повикувајќи на претседателски избори во Украина, кои се забранети поради вонредната состојба, Трамп во вторникот рече, алудирајќи на Зеленски: „Тој е намалена на четири отсто поддршка“, пренесоа американските медиуми.
Телефонската анкета на 1.000 луѓе на престижниот Киевски Меѓународен институт за социологија покажа дека 57 отсто од испитаниците му веруваат на Зеленски, додека 37 отсто рекле дека не му веруваат, а останатите испитаници биле неопределени.

Анкетата, исто така, покажа дека довербата во Зеленски е зголемена за пет процентни поени од последната анкета спроведена во декември, и покрај тоа што Украина претрпе воени неуспеси.
Од март 2022 година, по руската инвазија, рејтингот на украинскиот претседател се зголеми на 90 отсто, според институтот. Зеленски успеа да „задржи прилично високо ниво на доверба“ меѓу луѓето, напишаа авторите на анкетата.
Коментарите на Трамп се одраз и на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека Зеленски не е легитимен претседател.
Според украинскиот закон, одржувањето на претседателски избори е забрането за време на вонредна состојба, која беше воведена на 24 февруари 2022 година.
Во мирнодопски услови, мандатот на Зеленски ќе завршеше во мај минатата година.
Критичарите укажуваат на контроверзната клаузула во украинскиот устав, тврдејќи дека ниту еден претседател не може да ја извршува функцијата повеќе од пет години, но мора да остане на функцијата додека не биде избран неговиот наследник.
Зеленскиј претходно рече дека е невозможно да се одржат избори во овој момент, имајќи предвид дека милиони Украинци живеат во странство или се борат како припадници на војската, а безбедносните ризици се превисоки.
Авторите на анкетата велат дека „мнозинството од украинското население сè уште верува дека изборите треба да се одржат по војната“. Не е јасно како Трамп стигна до рејтингот од 4 проценти.
Рускиот политички аналитичар Фјодор Лукјанов во средата за AFP изјави дека таквата изјава е типична за Трамп, додавајќи дека американскиот челнил „не обрнува внимание на здодевни работи како факти и бројки“.
Слични новости
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност
Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии