ЛДП бара одговорност за случајот со Ива Михаилова, обвинувајќи за пропусти во контролата на државната граница и за недоволна одговорнос.
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Од ЛДП посочуваат дека случајот со Михаилова, за кој се проверуваат околностите на нејзиното заминување од земјата, отвора прашања за евиденцијата на граничните премини и работата на надлежните служби.
Партијата побара одговорност од раководителите на безбедносните служби, како и итна ревизија на правосудниот систем.
Слични новости
Колони возила на Богородица
На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.
Ставен под контрола големиот пожар кој од Преспа стигна до Пелистер
Пожарот што вчера избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, информира ЦУК.
Заради величењето на осудениот воен злосторник Младиќ – Китановиќ може да ја изгуби директорската функција во владата
Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.


