И италијанската централна банка ја заврши 2024 година со загуба поради рестриктивната монетарна политика на Европската централна банка (ЕСВ), но сепак ќе уплати 644 милиони евра во државната каса, изјави во понеделникот гувернерот Фабио Панета.

Banca d’Italia работела минатата година со загуба пред оданочувањето од 7,3 милијарди евра, малку повисока отколку во 2023 година, покажаа деловните резултати. Загубата е покриена со 5,8 милијарди евра повлечени од фондот за управување со ризици и даночни корекции, додаваат тие.

 

Банката, благодарение на „исклучително високите профити“ во претходните години, издвои „значителни финансиски средства“ за зајакнување на механизмите за финансиска заштита и покривање на загубите. Резервациите за општи ризици сега изнесуваат 23,8 милијарди евра и се намалени за приближно 20 отсто, се вели во извештајот на банката.

Финансиските резултати за 2024 година што ги објави Панета покажаа и нето добивка од 844 милиони евра, од кои 200 милиони ќе бидат исплатени како дивиденда на акционерите, банките, осигурителите и другите финансиски институции.

Според Панета, добивката за државата изнесува 644 милиони евра, што е за 4,7 отсто поголема од 2023 година. Објаснувајќи ги причините за загубата во 2024 година, Панета рече дека високите каматни стапки на ЕСВ резултирале со повисоки каматни трошоци за депозитите на банките. Во такви услови, расходите од камати ги надминале приходите од камати за 4,2 милијарди евра, покажува извештајот.

Бидејќи ЕСВ ги намалува каматните стапки во еврозоната од јуни минатата година, италијанската централна банка очекува да ја заврши оваа година во црвено, рече Панета.

И ЕЦБ и германската централна банка ја завршија минатата година со загуба од 7,94 милијарди и 19,2 милијарди евра соодветно.

Австрискиот гувернер Роберт Холцман пред околу една година предупреди дека ЕСВ мора да престане да ги субвенционира комерцијалните банки со плаќање висока камата на парите што им ги позајмува со ниска стапка.

„Нема аргументи во монетарната политика кои би ги оправдале таквите субвенции. Неприфатливо е сегашната структура да создава огромен товар врз финансиските перформанси на централните банки. Не можеме да бележиме загуби на коишто не им се надѕира крајот“, нагласи тогаш Холцман.

globe

Слични новости

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија

Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март

Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март

Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба