Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.

Според најавата, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Најтопло ќе биде во Скопје, со дневна температура до 36 степени.

Од среда се очекува мал пад на температурите, пороен дожд и ветар, а во некои места е можно да има и појава на град.

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи