Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.  Максималната температура во Македонија ќе достигне од 32 до 40 степени.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

Според прогнозата на УХМР утре и задутре наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава