Во Црна Гора во петокот започна дводневен бојкот на трговските синџири поради високите цени, на кој повика невладината организација Алтернатива.
Жителите на Црна Гора се повикуваат да не купуваат во големи продавници во петок и сабота, но доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.
„Секојдневно сме сведоци на незапаметени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири трупаат профити на сметкана народот. Време е да кажеме – доста. Ова е гласот на нароот. Ако не го запреме овој безобразлак сега, утре лебот ќе го плаќаме со злато. Црна Гора се крева против алчноста. Сложно, обединето, истрајна“, соопштија од Алтернатива.

Истата невладина организација минатиот петок организираше бојкот на продавниците во Црна Гора, кога според податоците на црногорската даночна управа, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот за 56,14 отсто.
Минатата недела, повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одзваа на повикот за бојкот на големите продавници, додека одзивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.
Тогаш бојкотот го поддржа и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.
Слични новости
Три деца со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест
Тензично во Белград пред големиот студентски протест закажан за 16 часот
Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите