Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес.
Битлси беа наградени за најдобра рок изведба за „Now and Then“, нивната „последна песна“. Песната е создадена од демо-снимка на покојниот Џон Ленон, повеќе од 44 години по неговата смрт, а објавена во ноември 2023 година.
Се користеше вештачка интелигенција за да се препознае гласот на Ленон, а потоа да се изолира од другите звуци од лошата снимка – клавир, телевизор во заднина, некое електрично брмчење – за да може да се користи во новата снимка.
Пол Маккартни и Ринго Стар, последните двајца живи членови на ливепрулските „бубачки“, потоа ја завршија песната користејќи го гитарскиот звук на, исто така починатиот Џорџ Харисон од 1995 година.
Шон Оно Ленон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, го презема наградата Греми за најдобра рок изведба во име на бендот.
Ролинг Стоунс уште еден легендарен рок-бенд кој се појави во 1960-те, ја освои наградата за најдобар рок албум, за „Hackney Diamonds“, објавен во 2023 година.
Фактот што и двата бенда освоија награди покажува дека и покрај многуте децении што поминаа од нивниот врв, тие сè уште се актуелни и имаат огромно влијание на музичката сцена.
Слични новости
Првата дама на САД доби официјален портрет
Официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп беше објавен во понеделникот, на кој таа позира потпрена на маса во Белата куќа
Лувр бара владина помош за обновување и заштита на уметничките дела
Изградена во Париз во 12. век, палатата Лувр била официјална резиденција на француските кралеви со векови до Луј XIV. не го заменил за Версај
„Ризикот од летање“ на Мел Гибсон прв на американскиот Бокс офис
„Ризикот од летање“ прв филм што го режира Мел Гибсон по речиси цела деценија, е на првото место на американскиот Бокс офис. Филмот, во кој главната улога ја толкува Марк Валберг, заработи скромни 12 милиони долари на американскиот пазар но му беа доволни за да биде на првото место.