Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес.
Битлси беа наградени за најдобра рок изведба за „Now and Then“, нивната „последна песна“. Песната е создадена од демо-снимка на покојниот Џон Ленон, повеќе од 44 години по неговата смрт, а објавена во ноември 2023 година.
Се користеше вештачка интелигенција за да се препознае гласот на Ленон, а потоа да се изолира од другите звуци од лошата снимка – клавир, телевизор во заднина, некое електрично брмчење – за да може да се користи во новата снимка.
Пол Маккартни и Ринго Стар, последните двајца живи членови на ливепрулските „бубачки“, потоа ја завршија песната користејќи го гитарскиот звук на, исто така починатиот Џорџ Харисон од 1995 година.
Шон Оно Ленон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, го презема наградата Греми за најдобра рок изведба во име на бендот.
Ролинг Стоунс уште еден легендарен рок-бенд кој се појави во 1960-те, ја освои наградата за најдобар рок албум, за „Hackney Diamonds“, објавен во 2023 година.
Фактот што и двата бенда освоија награди покажува дека и покрај многуте децении што поминаа од нивниот врв, тие сè уште се актуелни и имаат огромно влијание на музичката сцена.
Слични новости
На 78 години почина Меријен Фејтфул
Без разликана тоа колку ниско паѓаше, Фејтфул секогаш се креваше и во текот на нејзината кариера издаде 21 соло албум
Ричард Гир ќе биде награден на главните филмски награди во Шпанија
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена Меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата – Гоја
Во Лондон премиера на четвртото и последно продолжение на франшизата „Бриџит Џоунс: Лута поради момчето“
На познатиот плоштад Лестер во Лондон се одржа премиерата на четвртиот и последен филм за Бриџит Џоунс „Лута поради момчето“.