Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес.
Битлси беа наградени за најдобра рок изведба за „Now and Then“, нивната „последна песна“. Песната е создадена од демо-снимка на покојниот Џон Ленон, повеќе од 44 години по неговата смрт, а објавена во ноември 2023 година.
Се користеше вештачка интелигенција за да се препознае гласот на Ленон, а потоа да се изолира од другите звуци од лошата снимка – клавир, телевизор во заднина, некое електрично брмчење – за да може да се користи во новата снимка.
Пол Маккартни и Ринго Стар, последните двајца живи членови на ливепрулските „бубачки“, потоа ја завршија песната користејќи го гитарскиот звук на, исто така починатиот Џорџ Харисон од 1995 година.
Шон Оно Ленон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, го презема наградата Греми за најдобра рок изведба во име на бендот.
Ролинг Стоунс уште еден легендарен рок-бенд кој се појави во 1960-те, ја освои наградата за најдобар рок албум, за „Hackney Diamonds“, објавен во 2023 година.
Фактот што и двата бенда освоија награди покажува дека и покрај многуте децении што поминаа од нивниот врв, тие сè уште се актуелни и имаат огромно влијание на музичката сцена.
Слични новости
Денеска ќе бидат објавени номинациите за Оскар, се предвидува да доминираат Бруталист и Емилија Перез со по 10 номинации
Фаворити за Оскарите се филмовите Бруталист и Емилија Перез за кои се очекува да добијат до десет номинации, Конклава и Дина 2 да имаат по девет, а Викед и Целосно непознат по шест номинации.
Леонардо ДиКаприо и Мартин Скорцесе во преговори со студиото 20 Век за снимање на филмот „Ѓаволот од Белиот град“.
Филмот е во фаза на развој, а студиото преговара Леонардо ДиКаприо да ја игра главната улога, а Мартин Скорцесе да го режира филмот.
Слоновите не се луѓе, пресуди американскиот суд
Врховниот суд во американската сојузна држава Колорадо во вторникот пресуди дека пет слонови во тамошната зоолошка градина не се луѓе и затоа немаат човеково право да бидат ослободени