Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес.
Битлси беа наградени за најдобра рок изведба за „Now and Then“, нивната „последна песна“. Песната е создадена од демо-снимка на покојниот Џон Ленон, повеќе од 44 години по неговата смрт, а објавена во ноември 2023 година.
Се користеше вештачка интелигенција за да се препознае гласот на Ленон, а потоа да се изолира од другите звуци од лошата снимка – клавир, телевизор во заднина, некое електрично брмчење – за да може да се користи во новата снимка.
Пол Маккартни и Ринго Стар, последните двајца живи членови на ливепрулските „бубачки“, потоа ја завршија песната користејќи го гитарскиот звук на, исто така починатиот Џорџ Харисон од 1995 година.
Шон Оно Ленон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, го презема наградата Греми за најдобра рок изведба во име на бендот.
Ролинг Стоунс уште еден легендарен рок-бенд кој се појави во 1960-те, ја освои наградата за најдобар рок албум, за „Hackney Diamonds“, објавен во 2023 година.
Фактот што и двата бенда освоија награди покажува дека и покрај многуте децении што поминаа од нивниот врв, тие сè уште се актуелни и имаат огромно влијание на музичката сцена.
Слични новости
Колекцијата од 130 гитари на славниот гитарист Џеф бек продадена за 10 милиони евра
Неговата гитара Лес Пол од 1954 наречена „Oxblood“ беше продадена за 1,18 милиони евра, пренесе порталот Гитар. Ком. На аукцијата во Кристи беа 130 гитари, разни појачала и друга гитарска опрема.
Гитарите и другите предмети на Џеф Бек се продадени за повеќе од 8 милиони фунти
Гитарите и другите предмети од колекцијата на англискиот музичар Џеф Бек се продадени на аукција за вкупно 8,73 милиони фунти (10,3 милиони евра)
Англиска пицерија му објави „војна“ на ананасот
Популарна пицерија во англискиот град Норич им објави војна на ананасите со тоа што реши да наплаќа 100 фунти (118 евра) за хавајска пица во обид да ги обесхрабри клиентите од контроверзниот додаток