Фудбалскиот сојуз на Белгија денеска соопшти дека не може да ја поддржи кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, наведувајќи проблеми во врска со транспарентноста и управувањето со ФИФА, како и скандалот со американскиот репрезентативец Балоган кому му беше укината суспензијата на Светското првенство по интервенција на Доналд Трамп кај Инфантино.
Инфантино се соочува со се посилен притисок откако неговиот контроверзен план за продажба на уделот на Светското првенство во фудбал наиде на остри критики.
Инфантино најави дека идната година повторно ќе се кандидира за претседател на Фифа се до 2031-година. Од друга страна УЕФА го повика Инфантино да се повлече од функцијата и се закани дека ќе ги бојкотира натпреварувањата на ФИФА, вклучувајќи го и Светското првенство во фудбал.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
