Белата куќа воведе нови правила кои го ограничуваат простапот на новинарите на канцеларијата на портпаролот и другите официјални службеници во Западното крило на Белата куќа.
Според новиот правилник што го издаде Советот за национална безбедност, новинарите се должни однапред да закажат состаноци за да имаат пристап до собата 140 каде што се наоѓа портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит и други високи службеници, пренесува Ројтерс.
Досега новинарите кои беа акредитирани во Белата куќа, можеа несметано да имаат пристап до собата 140 и да разговараат со портпаролката и нејзините заменици.
Претходно Пентагон забрани објавување материјали кои не се одобрени од министерството за војска што предизвика голем број на ренормирани медиуми да ги вратат акредитациите и да одбиваат известување од Пентагон под такви ригидни услови.
Слични новости
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава


