Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок зад затворени врати посветен на ситуацијата во Сирија, по падот на претседателот Башар ал-Асад. Консултациите кои ги побара Русија ќе се одржат од 15.00 часот по локално њујоршко време, соопштија дипломатски извори во ОН.

Москва ги побара консултациите во врска со најновите настани во Сирија и последиците врз мисијата на ОН во таа земја УНДОФ, чија улога е да ги раздвојува сириските и израелските трупи на Голанската висорамнина.

Сириските опозициски сили вчера соопштија дека го зазедоа главниот град Дамаск и изразија подготвеност да соработуваат со меѓународната заедница на стабилизација на состојбата во земјата.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Башар ал Асад поднесе оставка на местото претседател на Сирија, ја напуштил земјата и издал упатства власта мирно да се предаде по преговори, во кои како што тврдат од руското министерство, Моксва не учествувала.

Во меѓувреме портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија презема се што е потребно за да ја осигура безбедноста на нејзините воени бази во таа земја. Тој рече дека засега е прерано да се зборува дали ќе продолжи руското воено присуство во Сирија.

На конференцијата за новинари Песков рече дека во официјалниот распоред на рускиот претседател Владимир Путин не е предвиден состанок со Башар ал Асад кој се наоѓа во Русија.

Слични новости

Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб

Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб

Хрватсата министерка за здравство Ирена Хрстиќ во петокот напладне изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три биле деца и двајца возрасни