Низата референдуми за имиграцијата и трудовото законодавство не успеаја во Италија откако не беше постигната потребната излезност од 50 отсто по двата дена гласање, што претставува победа за десничарската премиерка Џорџа Мелони.

Прелиминарните бројки од Министерството за внатрешни работи покажаа дека само 29 отсто од гласачите учествувале на референдумите до затворањето на гласачките места во понеделникот во 15 часот.

Референдумите се фокусираа главно на трудовото законодавство, со гласови за подобра заштита од отпуштање, повисоки отпремнини, укинување на договорите на одредено време и одговорност во случај на несреќи на работното место.

 

Петтото референдумско прашање се однесуваше на одлуката дали луѓето од земји надвор од Европската унија ќе можат да добијат државјанство по пет години, за разлика од сегашните десет

Конечните резултати ќе бидат објавени дури откако ќе бидат преброени сите гласови.

Според прелиминарните бројки, мнозинството гласачи ги поддржаа мерките, но тие нема да бидат усвоени поради ниската излезност.

Неуспехот на референдумот беше очекуван бидејќи само 22 отсто од гласачите учествуваа на гласањето во неделата кога гласачките места беа отворени до 23 часот.

Од 78-те референдуми одржани во Италија од крајот на Втората светска војна, повеќето од нив не успеаја токму поради недоволна излезност.

Последните беа распишани ма иницијатива на синдикатите и левичарската опозиција.

Десничарската коалициска влада на премиерката Мелони им советуваше на своите поддржувачи да не учествуваат на гласањето. Самата Мелони се појави на гласачкото место, но не гласаше.

globe

Слични новости

Кавгата меѓу Трамп и Маск ја доведува во прашање улогата на „SpaceX“ во новата ракетна одбрана на САД

Кавгата меѓу Трамп и Маск ја доведува во прашање улогата на „SpaceX“ во новата ракетна одбрана на САД

Улогата на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск во новиот американски систем за ракетна одбрана е доведена во прашање по минатонеделната расправија меѓу милијардерот претприемач и американскиот претседател Доналд Трамп

Претставничкиот дом ги одобри намалувањата на странската помош на Трамп

Претставничкиот дом ги одобри намалувањата на странската помош на Трамп

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со тесно мнозинство го одобри барањето на претседателот Доналд Трамп за намалување на странската помош и субвенциите за јавното радиодифузно емитување за 9,4 милијарди долари и го испрати пакетот до Сенатот