Италијанското државно обвинителство покрена истрага за да утврди дали „Amazon“ ја дели одговорноста за неплаќањето на данокот за додаден вредност (ДДВ) за онлајн продажбата, со што државниот буџет е лишен од приход во изност од 1,2 милијарди евра.

Обвинителството во Милано и даночната полиција од петокот истражуваат тројца менаџери и европскиот огранок на „Amazon“, со седиште во Луксембург, за можна даночна измама при онлајн продажбата во Италија меѓу 2019 и 2021 година, соопштија за медиумите извори запознаени со темата.

Земајќи ги предвид казните и каматите, вкупната сметка на „Amazon“ може да порасне на три милијарди евра.

Според изворите, алгоритмот на „Amazon“ им овозможува на продавачите надвор од ЕУ, главно Кинези, да продаваат стоки во Италија без да го откријат нивниот идентитет, што им овозможува да избегнат плаќање данок на додадена вредност (ДДВ).

Според италијанскиот закон, посредникот чија онлајн платформа за тргување ја користи продавачот што не е член на ЕУ е одговорен и за неплаќањето ДДВ.

Од „Amazon“ не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар за истрагата

Во јули минатата година, италијанската финансиска полиција превентивно заплени околу 121 милион евра од италијанската филијала на „Amazon“ врз основа на истрагата на државното обвинителство за можна даночна измама и експлоатација на работниците.

globe

Слични новости

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД

Благ раст на доларот, ценате на нафтата стагнира

Благ раст на доларот, ценате на нафтата стагнира

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневното тргување во вторникот, но и натаму се движи недалеку од најниското ниво во последните четири месеци