Италијанското државно обвинителство покрена истрага за да утврди дали „Amazon“ ја дели одговорноста за неплаќањето на данокот за додаден вредност (ДДВ) за онлајн продажбата, со што државниот буџет е лишен од приход во изност од 1,2 милијарди евра.

Обвинителството во Милано и даночната полиција од петокот истражуваат тројца менаџери и европскиот огранок на „Amazon“, со седиште во Луксембург, за можна даночна измама при онлајн продажбата во Италија меѓу 2019 и 2021 година, соопштија за медиумите извори запознаени со темата.

Земајќи ги предвид казните и каматите, вкупната сметка на „Amazon“ може да порасне на три милијарди евра.

Според изворите, алгоритмот на „Amazon“ им овозможува на продавачите надвор од ЕУ, главно Кинези, да продаваат стоки во Италија без да го откријат нивниот идентитет, што им овозможува да избегнат плаќање данок на додадена вредност (ДДВ).

Според италијанскиот закон, посредникот чија онлајн платформа за тргување ја користи продавачот што не е член на ЕУ е одговорен и за неплаќањето ДДВ.

Од „Amazon“ не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар за истрагата

Во јули минатата година, италијанската финансиска полиција превентивно заплени околу 121 милион евра од италијанската филијала на „Amazon“ врз основа на истрагата на државното обвинителство за можна даночна измама и експлоатација на работниците.

globe

Слични новости

Швеѓаните почнуваат бојкот на американските производи како одговор на промената на политиката на САД

Швеѓаните почнуваат бојкот на американските производи како одговор на промената на политиката на САД

Серијата иницијативи за бојкот на американските производи се појави како одговор на промената на американската политика, вклучувајќи да одлуката на Вашингтон да ја прекине поддршката на Украина и да воведе царински тарифи на стоките од Европа

Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста

Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста

Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.