Околу 130 лица се уапсени во вторникот во Палермо како дел од опсежна операција против сицилијанската мафија, што укажува дека таа останува значајна криминална организација и покрај бројните порази што ги претрпе во последните децении.

„Коза Ностра“, неформален сојуз на околу стотина мафијашки групи со седиште во Палермо и околината, ја тероризираше Италија во 1980-те и 1990-те, но потоа беа надминати од најмоќната европска мафија, калабриската „Ндрангета“.

Осомничените уапсени во вторникот се товарат за различни кривични дела, вклучувајќи трговија со дрога, обид за убиство, изнуда, нелегално коцкање преку Интернет и нелегално поседување огнено оружје, се вели во соопштението на полицијата. За 33 осомничени кои веќе беа во затвор за други кривични дела издадени се дополнителни потерници.

Истрагите открија дека мафијашките „фамилии“ на Палермо ги координираат своите активности во градот и околните провинции како во некогаш златните денови на „Коза Ностра“, особено кога станува збор за шверцот на дрога, соопшти полицијата, додавајќи дека „фамилиите“ од центарот на градот го повратиле авторитетот во споредба со годините во кои доминирала фракцијата од родното место на Корлеоне.

 

Модерните шефови користат модерна технологија за да ја завршат својата работа, користејќи шифрирани мобилни телефони прошверцувани во затворите за да им овозможат на затворените „кумови“ да продолжат да „работат“, велат истражителите.

Иако „Коза Ностра“ е ослабена од современите органи за спроведување на законот, организацијата продолжува да привлекува млади луѓе, велат карабинерите, наведувајќи го како пример документираниот случај на регрут кому постар соработник му давал „инструкции за мафијата“.

„Менторот“ на момчето „му даде конкретни упатства, учејќи го како треба да се однесува кон луѓето кои ќе бидат изложени на изнуда, а исто така го советуваше како да се однесува со главните мафијашки водачи“, се вели во полициското соопштение.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги поздрави апсењата на Х, пишувајќи дека „На Коза Ностра ѝ е зададен многу тежок удар“ и дека апсењата „јасно сигнализираат дека борбата против мафијата не е и нема да запре“.

globe

Слични новости

Уницеф предупреди дека еден милион деца во Газа се мачат за да преживеат

Уницеф предупреди дека еден милион деца во Газа се мачат за да преживеат

Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер

Трамп најави разговор со Путин во вторник

Трамп најави разговор со Путин во вторник

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во вторник ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва