Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници. Вицепремиерот Матео Салвини најави засилени безбедносни мерки, кои се очекува да бидат разгледани на владина седница.

Поради страв од ново насилство, продавниците во центарот на градот, вклучително и луксузните бутици на улицата Виа Монтенаполеоне, ги затворија вратите порано и ги заштитија излозите.

Немирите избувнаа по првично мирните демонстрации против лошите јавни услуги и растот на трошоците за живот.

Групи демонстранти со маски палеа контејнери, ограбуваа продавници и оштетуваа имот. Според италијанската полиција, во неделата биле приведени 271 младо лице, вклучувајќи 23 малолетници.

Судири и апсења биле регистрирани и во Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.

Премиерката Џорџа Мелони го осуди насилството и одржа состанок со министрите и безбедносните служби за утврдување дополнителни мерки.

 

Слични новости

Иран го демантираше Трамп: САД не го контролираат Ормутскиот теснец

Тврдењата на американски опфицијални лица дека Ормутскиот теснец веќе не е блокиран се лага. Ормутскиот теснец останува блокиран и нема да биде отворен се додека не бидат прифатени условите на Иран, се наведува во соопштението на Техеран.

Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација

Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.