Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници. Вицепремиерот Матео Салвини најави засилени безбедносни мерки, кои се очекува да бидат разгледани на владина седница.

Поради страв од ново насилство, продавниците во центарот на градот, вклучително и луксузните бутици на улицата Виа Монтенаполеоне, ги затворија вратите порано и ги заштитија излозите.

Немирите избувнаа по првично мирните демонстрации против лошите јавни услуги и растот на трошоците за живот.

Групи демонстранти со маски палеа контејнери, ограбуваа продавници и оштетуваа имот. Според италијанската полиција, во неделата биле приведени 271 младо лице, вклучувајќи 23 малолетници.

Судири и апсења биле регистрирани и во Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.

Премиерката Џорџа Мелони го осуди насилството и одржа состанок со министрите и безбедносните служби за утврдување дополнителни мерки.

 

Слични новости

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен денеска објави дека ЕУ на денот на независноста на Украина одобрила 6,1 милијарди евра за системите за противвоздушна одбрана и дека со тоа и ја покажува на Украина својата непоколеблива поддршка.

Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“

Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“

Иако нагласи дека Техеран нема намера да се повлече пред своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа застојана фаза.