Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници. Вицепремиерот Матео Салвини најави засилени безбедносни мерки, кои се очекува да бидат разгледани на владина седница.

Поради страв од ново насилство, продавниците во центарот на градот, вклучително и луксузните бутици на улицата Виа Монтенаполеоне, ги затворија вратите порано и ги заштитија излозите.

Немирите избувнаа по првично мирните демонстрации против лошите јавни услуги и растот на трошоците за живот.

Групи демонстранти со маски палеа контејнери, ограбуваа продавници и оштетуваа имот. Според италијанската полиција, во неделата биле приведени 271 младо лице, вклучувајќи 23 малолетници.

Судири и апсења биле регистрирани и во Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.

Премиерката Џорџа Мелони го осуди насилството и одржа состанок со министрите и безбедносните служби за утврдување дополнителни мерки.

 

Слични новости

Популарноста на Трамп на најниско ниво поради војната во Иран

Популарноста на Трамп на најниско ниво поради војната во Иран

Резултатите на најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека во САД јавната поддршка на војната со Иран падна на најниско ниво од почетокот на конфликтот, поради што и популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е на рекордно ниско ниво.

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.