Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници. Вицепремиерот Матео Салвини најави засилени безбедносни мерки, кои се очекува да бидат разгледани на владина седница.

Поради страв од ново насилство, продавниците во центарот на градот, вклучително и луксузните бутици на улицата Виа Монтенаполеоне, ги затворија вратите порано и ги заштитија излозите.

Немирите избувнаа по првично мирните демонстрации против лошите јавни услуги и растот на трошоците за живот.

Групи демонстранти со маски палеа контејнери, ограбуваа продавници и оштетуваа имот. Според италијанската полиција, во неделата биле приведени 271 младо лице, вклучувајќи 23 малолетници.

Судири и апсења биле регистрирани и во Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.

Премиерката Џорџа Мелони го осуди насилството и одржа состанок со министрите и безбедносните служби за утврдување дополнителни мерки.

 

Слични новости

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.