Италијанското правосудство нареди заплена на акции вредни 1,3 милијарди евра која во групата за жестоки пијалоци ја држеше луксембуршка холдинг компанија која е обвинета за измама.

Истрагата на италијанската финансиска полиција утврди дека холдинг компанијата Лагфин од Луксмебург апсорбираше италијанска компанија која го имаше мнозинството акции на Кампари во операција на „спојување по пат на инкорпорација“, пишува итаијанскиот весник Република.

За време на операцијата компанијата не пријавила капитална добивка од 5,3 милијарди евра од италијанската компанија која го контролира Кампари и не платила данок на оваа капитална добивка.

Акциите во вредност од 1,3 милијарди евра се износот на данок кој требало да биде платен. Кампари има пазарна капитализација од околу 7 милијарди евра на берзата во Милано.

Освен Кампари, групацијата контролира многубројни брендови на жестоки пијалоци, меѓу кои и бредновите за виски „Wild Turkey“ и  Glen Grant, коњакот „Курвоазие“ и бреднови на водка, џин и текила.   

Слични новости

Нови рекорди на Dow и S&P 500 индексите

Нови рекорди на Dow и S&P 500 индексите

На њујоршки Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни максимуми во четвртокот, додека Nasdaq падна откако технолошките акции паднаа откако „Oracle“ објави послаби од очекуваните заработки