Италијанското правосудство нареди заплена на акции вредни 1,3 милијарди евра која во групата за жестоки пијалоци ја држеше луксембуршка холдинг компанија која е обвинета за измама.
Истрагата на италијанската финансиска полиција утврди дека холдинг компанијата Лагфин од Луксмебург апсорбираше италијанска компанија која го имаше мнозинството акции на Кампари во операција на „спојување по пат на инкорпорација“, пишува итаијанскиот весник Република.
За време на операцијата компанијата не пријавила капитална добивка од 5,3 милијарди евра од италијанската компанија која го контролира Кампари и не платила данок на оваа капитална добивка.
Акциите во вредност од 1,3 милијарди евра се износот на данок кој требало да биде платен. Кампари има пазарна капитализација од околу 7 милијарди евра на берзата во Милано.
Освен Кампари, групацијата контролира многубројни брендови на жестоки пијалоци, меѓу кои и бредновите за виски „Wild Turkey“ и Glen Grant, коњакот „Курвоазие“ и бреднови на водка, џин и текила.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


