Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, велат изворите на Reuters, што е последен удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција која пристигнува по море.

Одлуката се однесува на 43 мигранти од Египет и Бангладеш кои оваа седмица беа префрлени во Албанија откако биле спасени во Средоземното Море, во последниот обид да се спроведе политика чија валидност веќе беше доведена во прашање од италијанското судство.

Италијанската десничарска влада во договор потпишан со владата на албанскиот премиер Еди Рама изгради два објекта во Албанија кои се наменети за задржување на мигрантите додека се обработуваат нивните барања за азил во Италија.

Последната пресуда е третпат судиите да наредат враќање на мигрантите во Италија откако првата група беше однесена во Албанија во октомври минатата година.

Италијанските опозициски партии ја поздравија оваа пресуда, која не оди во пролог на премеирката Мелони.

„Како што би помислил секој разумен човек, уште едната депортација на мигранти во Албанија се сведе на ништо“, рече Никола Фратојани, пратеник во парламентот на партијата Зелено-левичарска алијанса.

Два извора изјавија за Reuters дека судиите одлучиле да го упатат случајот до Европскиот суд на правдата (ESP). Во меѓувреме, мигрантите ќе бидат префрлени во Италија, најверојатно во сабота, изјавил еден од изворите.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот