Иако уживањето на кафето во Италија е на ниво на национална светост и гордост, градоначалникот на еден мал град близу Венеција ги забрани сите уреди за топли пијалаци во општинските канцеларии, велејќи дека таму се губи премногу време во пиењето кафе.
„Луѓето мораа да чекаат да ја завршат ‘папирологијата’ додека персоналот стоеше и разговараше пред машините, со еспресо во рака“, изјави Стефано Солдан, градоначалник на гратчето Пиве ди Солиго, за локалниот весник Corriere del Veneto во веста објавена во петокот.

Последните месеци имало повеќе поплаки на граѓаните за долго чекање при добивање на потребната документација, пишува весникот.
Градоначалникот на градот со 12.000 жители ги предупредил 56-те вработени да не претеруваат со кафе-паузите. Кога, според него, тоа не му помогнало, наложил да се остранат автомаите во градскиот совет и од градската библиотека.
Вработените во градското собрание би требало да пијат кафе надвор од канцелариите, вели градоначалникот.
„Сите предупредувања беа попусти. Ми беше кажано дека се потребни појасни правила. Но, мислам дека сè што е потребно е малку здрав разум и учтивост кон заедницата и колегите“, вели Солдан.
Градоначалникот им препорача на вработените службено да излезат на пауза и да пијат еспресо надвор.
„Овде нема недостиг од кафулиња. Или можете да донесете сопствен термос од дома“, препорачува тој.
Слични новости
Втора медицинска установа во Токио воведува „кошничка за бебиња“
Болница во Токио во понеделникот стана втората медицинска установа во Јапонија која нуди „кошничка за бебиња“, овозможувајќи им на родителите безбедно и анонимно да ги остават своите новороденчиња за кои не можат да се грижат
Почина политички ангажираниот француски режисер Ив Боасет
Францускиот режисер Ив Боасет, кој ги одбележа 1970. со неговите ангажирани и политички филмови како „Обичните Лажоа“, почина во понеделникот на 86-годишна возраст
На 90 години почина актерот Ричард Чембрлен „кралот на минисериите“
Со сини очи и со порцелански тен, Чембрлен ретко беше миленик на критичарите во неговите најдобри години. Магазинот People еднаш ја сумираше неговата актерска репутација како „згоден, но без страст