Судот во Рим денеска повторно нареди групата мигранти која е притворена во камповите во Албанија да биде преместена во Италија, наведуваат судски извори, што е најнов удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција по морски пат.

Одлуката се однесува на 43 мигранти од Египет и Бангладеш кои неделава беа преместени во Албанија откако беа спасени во Средоземното Море, во последниот обид да се спроведе политика чија валидност веќе беше доведена во прашање од судството.

Италијанската десничарска Влада изгради два објекти во Албанија што треба да ги држат мигрантите таму додека се обработуваат нивните барања за азил. Со последната пресуда, судиите трет пат издаваат наредба да се вратат мигрантите во Италија откако првата група беше однесена во Албанија во октомври минатата година.

Италијанските опозициски партии ја поздравија оваа пресуда, која не оди во прилог на Мелони.

Како што би помислил секој разумен човек, уште една депортација на мигранти во Албанија се сведе на ништо, рече Никола Фратојани, претставник на партијата Зелено-левичарска алијанса.

 

Слични новости

Второ гласање во грчкиот Парламент за избор на претседател на Грција

Второ гласање во грчкиот Парламент за избор на претседател на Грција

Грчките пратеници претпладнево одново ќе гласаат за претседател на државата, откако во саботата, при првото гласање, ниту еден од четворицата кандидати не го доби потребното двотретински мнозинство, нешто што се очекува да се случи и на денешното второ гласање.

Белградските студенти пешки до Нови Сад на заеднички блокади

Белградските студенти пешки до Нови Сад на заеднички блокади

Студентите од Нови Сад организираат блокада на мостовите Варадинскиот, Жежељовиот и Мостот на слободата, а акцијата ја нарекоа „Три месеца – три моста“, покрај колегите од Белград, ќе им се придружат, како што најавија, и бројни јавни личности и претставници на организации од регионот