Судот во Рим денеска повторно нареди групата мигранти која е притворена во камповите во Албанија да биде преместена во Италија, наведуваат судски извори, што е најнов удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција по морски пат.

Одлуката се однесува на 43 мигранти од Египет и Бангладеш кои неделава беа преместени во Албанија откако беа спасени во Средоземното Море, во последниот обид да се спроведе политика чија валидност веќе беше доведена во прашање од судството.

Италијанската десничарска Влада изгради два објекти во Албанија што треба да ги држат мигрантите таму додека се обработуваат нивните барања за азил. Со последната пресуда, судиите трет пат издаваат наредба да се вратат мигрантите во Италија откако првата група беше однесена во Албанија во октомври минатата година.

Италијанските опозициски партии ја поздравија оваа пресуда, која не оди во прилог на Мелони.

Како што би помислил секој разумен човек, уште една депортација на мигранти во Албанија се сведе на ништо, рече Никола Фратојани, претставник на партијата Зелено-левичарска алијанса.

 

Слични новости

Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне

Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне

Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.