
Италијанскиот извоз опадна за 2,8 насто во април во однос на март, додека во увозот е забележан пораст од 0,3 проценти, соопшти денеска италијанскиот национален институт за статистика.
Агенцијата АНСА наведува дека падот на извозот пред се се должи на намалување на продажбата во земјите надвор од ЕУ, кој опадна за 7 насто.
На годишно ниво обемот на италијанскиот извоз е опаднат за 3,7 насто.
Слични новости
Американските берзански индекси дополнително паднаа откако Иран возврати на нападот на Израел
Во Соединетите Американски Држави, берзанскиот индекс Dow Jones падна за повеќе од 800 поени, или за околу 2 насто, додека S&P 500 и Nasdaq, паднаа за околу 1 насто.
Нафтата и златото поскапеа на берзите, како резултат на војната на Блискиот исток
Нафтата Брент скокна дури за 7 проценти и достигна цена од 75 долари по барел, што е највисоко ниво на цената на нафтата од април.
Германската економија би можела да има раст од 1,5 насто во 2026
Германската економија би можела да ја надмине својата тригодишна криза во 2026, кога германскиот БДП би требало да порасне за 1,5 насто, проценува германскиот институт ИФО.