Италијанскиот производител на кафе „illycaffè“, објави дека ја разгледува можноста за печење кафе во САД за да ја елиминира заканата од поскапувања што би настанале со новите царини.

„Ние анализираме дали дел од кафето што го продаваме на американскиот пазар може да се произведува во САД“, изјави извршната директорка Кристина Скокиа.

„Се надеваме дека тоа нема да биде потребно“, додаде Скокија, додавајќи дека ја чекаат одлуката на Вашингтон за да се утврди дали царините ќе го вклучуваат и кафето.

Доколку Вашингтон ги воведе, ќе биде тешко да се управува со нив, објаснува шефотцата на „illycaffe“.

„Изградбата производствена линија трае две години“, додаде таа, така што решението би требало да вклучува изнаоѓање објект.

Компанијата е основана во 1933 година од Франческо Или, со унгарко потекло, и сè уште е контролирана на семејството на основачот. Вработува повеќе од 2.700 работници.

globe

Слични новости

Цените на нафтата над 74 долари

Цените на нафтата над 74 долари

Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 74 долари за барел на меѓународните пазари во средата додека трговците го чекаа објавувањето на новите царини во САД, за кои стравуваат дека може да предизвика ескалација на трговската војна и да ја намалат глобалната економија и побарувачката на енергенси

Новиот погон го катапултираше американскиот извоз на течен гас

Новиот погон го катапултираше американскиот извоз на течен гас

Извозот на течен природен гас (LNG) од САД нагло се зголеми во март благодарение на новата фабрика на „Venture Global“, покажаа прелиминарните податоци на LSEG, при што повеќето пратки повторно се испорачуваат во Европа