УНЕСКО во средата ја вклучи италијанската национална кујна на својата листа на нематеријално културно наследство, официјално признавајќи ја важноста на оваа кулинарска традиција што со векови се пренесува од генерација на генерација.
Гласањето во Њу Делхи, на состанокот на одборот на агенцијата на Обединетите нации, е кулминација на процес што Италија го започна во 2023 година.
Владата во Рим ја претстави националната кујна како „општествен ритуал што ги обединува семејствата и заедниците и опфаќа многу повеќе од пица, тестенини и рижото“.
Дваесеттата сесија за нематеријалното културно наследство (ICH), одржана во Црвената крепост во Њу Делхи која датира од XVII век, на листата ги вклучи и хиндуистичкиот фестивал Дивали и културата на базените во Исланд.
Во соопштението, италијанската влада претстави разновидна кујна што е микрокосмос на различни култури, од особукото (телешко месо во сосот гремолата) од Ломбардија до тестенините орекиета од Пуља.
„Тоа е специјалитет што може само да нè направи горди“, напиша премиерката Џорџа Мелони во средата.
Индустриските групации проценуваат дека признанието од УНЕСКО би можело да го зголеми италијанскиот туризам за до осум проценти, или 18 милиони ноќевања повеќе, објави Reuters.
Италијанската кујна со тоа им се придружува на другите на листата, како што француските празнични јадења, мексиканските јадења посветени на религиозните ритуали на етничките малцинства, корејската техника на ферментација кимчи и јапонската кујна вашоку.
Слични новости
Париз го изложи дизајнот за контроверзните витражи во Нотр Дам
Шест нови витражи што ќе ги заменат постојните во прочуената катедрала Нотр Дам беа изложени во Гранд Пале во Париз во вторникот
Н’нена Калу ја освои наградата Тандер
Аутистичната уметница ги победи четирите конкуренти, вклучувајќи го и еден ирачки сликар, за престижната награда за современа уметност
Трамп: Мојот омилен збор е „царина“
Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“ и го сакам повеќе од било кој друг збор во речникот, ја пренесува изјавата на Трамп Вашингтон пост.


