Италијанската банка Уникредит денеска соопшти дека во првиот квартал на 2026 забележа најдобар квартален резултат во историјата, со раст на нето добивката за 16,1 насто меѓугодишно.

Нето добивката на банката изнесува 3,2 милијарди евра за првите три месеци од 2026, што е значително повеќе од очекувањата на пазарите аналитичари и претставува 21 последователен квартал со раст.

Приходите на банката порасналае за 4,9 насто меѓугодишно на 6,9 милијарди евра, со нето приходи од камати во износ од 3,6 милијарди евра.

Истовремено, оперативните трошоци се намалени за 1,1 насто меѓугодишно, што доведе до пад на односот на трошоците и на приходите на 33,4 насто, што банката го опишува како водечки во банкарскиот сектор.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.