Истражувачите на организацијата „ Noah’s Ark Scans“ кои со години ја испитуваат формацијата Дурупинар на истокот од Турција, тврдат дека новите радарски истражувања дополнително ја засилиле тезата дека под земјата се наоѓаат остатоци од структурата која се поврзува со библиската „Ноева арка“.

Според наводите на истражувачкиот тим, новите геофизички мерења на колаитетот во близина на планината Арарат покажале подземни аномалии, тунели и простори слични на комори, поради што членовите на проектот тврдат дека формацијата не е само природен геолошки феномен.

Сепак, засега нема научно потврдени докази дека станува збор за остатоци од библискиот брод.

Формацијата Дурпинар долга околу 157 метри и препознатлива по обликот кој потсетува на брод е предмет на спорења и истражувања повеќе од шест децении.

Слични новости

Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари

Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари

За време на викендот Спајдермен ја надмина заработката од две милијарди долари глобално, што го прави втор филм кој успеал да оствари таков спекатукаларен резултат за кусо време, и само осми филм на сите времиња што заработил повеќе од две милијарди долари.

Одисеја на Кристофер Нолан го задржа второто место на Бокс офисот и стигна до 1,3 милијарди долари заработка

„Одисеја“ на Кристофер Нлан и студиото Универзал остана на второто место на американскиот Бокс офис во петтата недела од прикажувањето со заработка од 23,2 милиони долари ширум кината во САД.