Јавен обвинител од ОЈО Скопје донел наредба за спореведување истражна постапка против две лица, за директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата кој се сомничи за примање поткуп и проневера во службата и за сопственик и управител на правно за кој постои сомневање за давање поткуп.
Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.
За второосомничениот Обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

„По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик. Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши“, соопштија во четвртокот од Републичкото јавно обвинителство.
Тој, појаснуваат од Обвинителството, не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило “Фолксваген пасат” сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.
„Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп. Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години, на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки, велат од Обвинителството.
Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари.
„Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата“, велат од Обвинителството.
Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.
„Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место“, стои во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.
Слични новости
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата
Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски