МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции. Тој на мечот на Денвер Нагетс против Феникс Санс постигна 31 кош, 21 скок и 22 асистенции со што испиша историја на НБА лигата, за што доби честитки од голем број кошаркарски легенди како Скоти Пипен, Ајзеа Томас и Кевин Дурант.

Денвер победи против Феникс 149:141 дури по продолженија. Иако се чинеше дека Деневер кој постојано водеше лесно ќе триумфира, со тројка во последната секунда од мечот Кевин Дурант го однесе натпреварот во продолженија.  

Во продолжението Денвер од старт направи предност од 7:0 што ја сочува до крајот.

На мечот свој личен рекорд постави и Арон Гордон кој постигна 7 тројки od 10 обиди, а Кристајн Барун постигна 25 поени со шут од игра 73 посто.

Кај Феникс најефискани беа Девин БУкер со 34 и Кевин Дурант со 29 коша.

 

 

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите