Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.

Форбс проценува дека обединувањето на компаниите го зголемила богатството на Илон маск за нови 84 милијарди долари и дека сега изнесува рекордни 852 милијарди долари.

Форбс смета дека Маск сега поседува 43 насто од удделот во обединетата компанија вредна 542 милијарди долари.

Вториот најбогат човек на светот е косопственикот на Гугл Лари Пејџ чие богатство се проценува на 281 милијарда долари.

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.