Детроит успеа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако утринава во мајстроката против Орландо победи со 116:94 и победи во серијата со 4:3. Детроит губеше со 3:1 од Орландо и практично „се врати од мртвите“.

Канингам постигна 32 коша за Детори, Харис даде 30, а Дурен забележа 15 кошеви и 15 скокови. Кај Орландо само Банкеро блескашесо 38 коша, но другите играчи потфрлија.

Детроти беше прв  на Истокот и никој не очекуваше вакви сериозни проблеми во серијата со Орландо кои се пласираа во плеј офот дури после доигрувањата во плеј инот.

Во полуфиналето Детори ќе игра против Кливленд кој го победи Торонто со 4:3. 

Слични новости

Клиперси загубија трет натпревар по ред на домашен терен

Клиперси загубија трет натпревар по ред на домашен терен

Лос Анџелес Клиперс го забележаа и третиот пораз во низа на свој терен, овој пат од екипата на Минесота со 88:94. По пауза од речиси цел месец во дресот на Клиперси се врати Богдан Богдановиќ кој играше 17 минути и постигна 8 коша

Бостон Селтикс убедливо ги победија Лејкерс во вечното дерби на НБА

Бостон Селтикс убедливо ги победија Лејкерс во вечното дерби на НБА

Натпреварот заврши со убедливи 111:89, а победата на Бостон не беше доведена во праѓање во ниту еден момент, иако Лејкерси играа комплетни. Кај Бостон најдобар поединец беше Џејлен Браун со 32 коша, 8 скока и 7 асистенции.

Денвер загуби од десеткуваните Голден Стејт и покрај импресивен трипл-дабл на Јокиќ

Денвер загуби од десеткуваните Голден Стејт и покрај импресивен трипл-дабл на Јокиќ

Денвер Нагетс неочекувано го забележа и вториот пораз на последните три натпревари од Голден Стејт кој играше без своите најдобри играчи. Вориорс ги победија Нагетс со 128:117 и покрај отсуството на Стеф Кари, Кристапс Порзингис, Џереми Батлер и Дрејмонд Грин.