Мнозинството Британци сметаат дека САД се „негативна сила во светот“, покажа новата анкета на агенцијата „Паблик Фирст“, спроведена за Лондоснката конференција за одбрана. Според ова истражување 53 насто од Британците сметаат дека САД имаат негативно влијание на глобално ниво, што е значаен раст во однос на 35 насто во декември, објави Политико.

Како што се наведува, само 29 насто од испитаниците веруваат дека САД игра позитивна улога во светот, додека кон крајот на минатата година, тој став го имаа 41 насто од Британците.

Аналитичарите оценуваат дека до промената на расположението дојде откако се случи спорот меѓу Лондон и Вашингтон за војната во Иран, а премиерот Кир Стармер одби да ги поддржи нападите на САД и Израел.

Слични новости