Според најновото истражување на Универзитетот во Масачусетс, на кое се повикуваат американските медиуми, рејтингот на претседателот на САД Доналд Трамп падна на нов минимум, додека истовремено опаѓа и поддршката на неговата политика кон Иран.
Како што се наведува само 33 насто од испитаниците изјави дека го поддржува Доналд Трамп како претседател, додека дури 62 насто не ги одобруваат неговите потези. Особено е впечатливо дека дури 53 насто од анкетираните „силно се спротивставува“ на актуелниот курс на американската администрација.
Истражувањето покажува и значаен пад на поддршка на американската политика на Блискиот исток.
Само 29 насто од испитаниците му изразило поддршка на Трамп во врска со војната со Иран, додека 63 насто наведоа дека не се согласуваат со таквата политика.
Слични новости
Се урна американски воен авион во Ирак
Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.
САД привремено дозволија да се купува руска нафта
Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
Вашингтон употреби една од шесте најмоќни бомби за напад врз нуклеарен комплекс близу Техеран
Според проценките на експертите во нападот врз бункерите се користени бомбите ГБУ-57, кои се исклучително моќни бомби од конвенционалните муниции, а обично се носат на стратегиските бомбардери Б-2.


