Рокот на огласот што го распиша Собранието за избор на државен јавен обвинител на Република Северна Македонија истече на полноќ, а она што до сега се знае е дека на огласот се пријавиле пет кандидати.
Меѓу нив се актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.
Постапката за избор започна на 12 јануари, а според законот, пријавите ќе бидат доставени до Владата, која ќе побара мислење од Советот на јавните обвинители. Новиот државен јавен обвинител ќе се избира со најмалку 61 глас во Собранието.
Слични новости
Без задржувања на Богородица: Околу 10.000 патници за викенд во Грција
Околу 10.000 патници ја минале македонско-грчката граница кај Гевгелија во последните 24 часа и се упатиле на продолжен викенд во Грција. Според македонските гранични служби отворени биле сите шалтери за влез во Грција и задржувањето не е подолго од пет минути.
Поскапеа речиси сите прехранбени продукти пред Велигден
Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм.
Новиот ЕУ систем не создаде застои на граничниот премин Меџитлија
Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.


