Рокот на огласот што го распиша Собранието за избор на државен јавен обвинител на Република Северна Македонија истече на полноќ, а она што до сега се знае е дека на огласот се пријавиле пет кандидати.
Меѓу нив се актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.
Постапката за избор започна на 12 јануари, а според законот, пријавите ќе бидат доставени до Владата, која ќе побара мислење од Советот на јавните обвинители. Новиот државен јавен обвинител ќе се избира со најмалку 61 глас во Собранието.
Слични новости
Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти
Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.
Камионџиите протестираат трет ден на границите
Камионџиите ги блокираат границите во регионот за товарен сообраќај, незадоволни од правилата за престој во Шенген-зоната, според кои, како и сите граѓани од земјите од Западниот Балкан, може да останат во Шенген зоната најмногу до 90 во 180 дена.
Обвинителството отвори предмет за Заев и Филипче по тврдењата на Жан Митрев дека сакале да му ја земат болницата
Предистрагата е за Зоран Заев и за Венко Филипче, актуелниот лидер на опозицијата. Отворена е на последниот ден од мандатот на екс скопскиот обвинител Гаврил Бубевски, ден отако беше избран Анел Фидоски на таа функција која ја презеде со веќе отворен предмет за болницата.


