Рокот на огласот што го распиша Собранието за избор на државен јавен обвинител на Република Северна Македонија истече на полноќ, а она што до сега се знае е дека на огласот се пријавиле пет кандидати.

Меѓу нив се актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.

Постапката за избор започна на 12 јануари, а според законот, пријавите ќе бидат доставени до Владата, која ќе побара мислење од Советот на јавните обвинители. Новиот државен јавен обвинител ќе се избира со најмалку 61 глас во Собранието.

 

Слични новости

Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово

Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово

Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.