Ноќеска на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за повторните локални избори за градоначалници во четири општини во кои не се избраа градоначалници на редовните избори поради недоволна излезност на гласачите.

Официјално, рокот за поднесување на листите завршува на 11 декември, до 24:00 часот, односно 30 дена пред денот на одржување на изборите, закажани за 11 јануари 2026 година (недела). Општинските изборни комисии треба да извршат проверка на поднесените листи во рок од 24 часа од приемот на листата.

Изборите за градоначалници ќе се повторат во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Општина Маврово-Ростуша. Во овие четири општини владата именуваше свои повереници, со в.д. мандат до изборот на градоначалници на повторените избори. Именувани се Аријан Ибраим за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште, Фадил Џелили за Гостивар и Онер Јакупоски за Маврово и Ростуше.

Според ДИК, досега не е поднесена ниту една независна кандидатура за градоначалник на Општина Центар Жупа, за кои рокот истече синоќа на полноќ, така што на повторените избори во таа општина нема да има независни кандидати. До вчера попладне во ДИК не беше пристигната ниту една кандидатура од политичките партии за Центар Жупа, но теоретски партиите можат да поднесат кандидатура до 24:00 вечерва.

Засега своите кандидатури за повторните избори за градоначалник на Гостивар ја објавија кандидатите Невзат Бејта и Ваљбон Лимани.

Невзат Бејта на повторените избори ќе го бара третиот мандат за градоначалник на Гостивар. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и соопшти дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди.

Ваљбон Лимани, кој ја има поддршката од коалицијата Националната Алијанса за Интеграција, предвoдена од ДУИ, вчера официјално ја поднесе својата кандидатура. Зборувајќи пред новинарите Лимани рече дека е уверен во својата победа и дека неговата кампања ќе се фокусира на директни средби со граѓаните. Лимани на првиот круг од локалните избори во октомври не успеа да победи бидејќи му недостигаа 23 гласа за цензус.

globe

Слични новости

Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“

Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“

Премиерот Христијан Мицкоски под превезот на лаги го крие проектот „Мигранти за пари“ кој сака да го протне кај граѓаните пред изборите кои ги планира на пролет, обвини денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите поранешни министри за економија директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) негираа вина и го оспорија обвинението