Филмот „Испратете помош“ на студијата Дизни и 20-ти Век втора недела по ред се задржа на врвот на американскиот Бокс Офис со скромна заработка од 10 милиони долари.

Големите студија не ги пуштаат блокбастерите за време на викендот кога се одржува финалето на американскиот Супербол, па затоа и бројките на Бокс Офисот се крајно скромни.

Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување, што е повеќе од солидно за филм со скромен буџет од 40 милиони долари.

 

Слични новости