Филмот „Испратете помош“ на студијата Дизни и 20-ти Век втора недела по ред се задржа на врвот на американскиот Бокс Офис со скромна заработка од 10 милиони долари.
Големите студија не ги пуштаат блокбастерите за време на викендот кога се одржува финалето на американскиот Супербол, па затоа и бројките на Бокс Офисот се крајно скромни.
Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување, што е повеќе од солидно за филм со скромен буџет од 40 милиони долари.
Слични новости
„Мајкл“ биопикот за поп иконата Мајкл Џексон урива рекорди на Бокс офисот
Во Америка „Мајкл“ ги надмина и најоптимистичните прогнози за над 30 милиони долари и го надмина „Боемска Рапсодија“ биопикот за фронтемнот на „Квин“ Фреди Меркјури, но и „Опенхајмер“.
„Куќата на змејот“ го објави трејлерот за уште побрутална трета сезона
Приквелот на „Играта на троновите“ – „Куќата на земјот“ го објави првиот трејлер за новата трета сезона, за која креаторите велат дека ќе биде уштепобрутална од првите две.
Во Москва паднаа 12 сантиметри снег, соборен рекорд стар половина век
Во Москва денеска паднаа 12 сантиметри снег, со што е соборен рекордот стар повеќе од половина век, соопштија стручњаците во метеоролошкиот центар Фобос.


