Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран,  чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт. Според дипломатски извори, разговорите треба да започнат во сабота, а во Исламабад се очекуваат делегации од Вашингтон и Техеран.

Во градот се распоредени дополнителни полициски и воени сили, поставени се контролни пунктови, а дел од патиштата се затворени, додека жителите остануваат во своите домови поради дводневен државен празник.

На преговорите во Исламабад од американска страна се очекува да пристигне делегација предводена од американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, додека Техеран соопшти дека распоредот сè уште не е конечен, што остава неизвесност околу стартот на средбите.

САД, според проценките, настојуваат да обезбедат политички „излез“ од конфликтот, додека Иран се обидува да ја зацврсти својата позиција и влијание, особено преку контролата врз стратешки важниот Ормутски теснец.

Можните мировни преговори меѓу САД и Иран, што треба да се одржат во Пакистан, се случуваат во атмосфера на длабока недоверба и ескалација на насилството во повеќе делови од Блискиот Исток, особено во Либан, каде Израел продолжува со воени операции против Хезболах, а бројот на жртви според локални извештаи надминува илјада.

Токму борбите во Либан дополнително го разнушуваат кревкото примирје, а прекинот на воените дејства таму е еден од условите на Иран за да седне на преговарачка маса. Сепак израелската страна тврди дека операциите ќе продолжат сè додека не се елиминира заканата.

Слични новости

Претседателот на иранскиот парламент негира дека Иран преговара со САД за прекин на војната

Претседателот на иранскиот парламент негира дека Иран преговара со САД за прекин на војната

Претседателот на иранскиот парламент Калибаф негираше дека Иран преговара со САД за прекин на војната и ја отфрли реториката на Трамп како прикриен обид за манипулирање со немирните глобални пазари.

Од полноќ нови цени на горивата по одлуката на владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 насто

Од полноќ нови цени на горивата по одлуката на владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 насто

Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.
Со тоа владата очекува цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар

Започна судењето за грчката трагедија во Темпи во која загинаа 57 луѓе – граѓаните на протест

Започна судењето за грчката трагедија во Темпи во која загинаа 57 луѓе – граѓаните на протест

Преживеаните од судирот на возови во кој загинаа 57 луѓе во Грција, како и роднините на жртвите го изразија својот гнев со протест пред кривичниот суд каде денеска започна процесот.