Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Искра Хаџи Василева, денеска треба да даде свечена изјава пред Советот на јавните обвинители, со што официјално ќе стапи на функцијата.

Хаџи Василева беше избрана на 28 октомври, освојувајќи 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.

За раководната позиција се кандидираа пет јавни обвинители, а изборот беше спроведен поради истекувањето на мандатот на досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран во октомври 2022 година.

 

Слични новости

Обемна полициска акција во Куманово против лихвари

Обемна полициска акција во Куманово против лихвари

Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група. Групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.