Ова е криза. Либералната демократија ќе биде распарчена доколку Урсула фон дер Лајен не преземе нешто брзо. Американските и кинеските технолошки олигарси ги контролираат алгоритмите кои го обликуваат начинот на кој Европејците го гледаат светот на социјалните мрежи.

Најновиот обид на директно политичко мешање на Илон Маск ја илустрира сериозната опасност со која се соочува Европа. Најпрвин предложи соборување на британската влада и праша „Дали Америка би требало да го ослободи британскиот народ од неговата тиранска власт“.

Три дена подоцна, во жив пренос на платформата Х, која е во негова сопственост, ја промовираше кандидатката на екстремната десница за канцеларка на претстојните избори во Германија. Судејќи по се, двата истапи ги видоа милиони луѓе, благодарение на наместени алгоритми.

Европските лидери треба да ги разберат овие постапки како знак на она што ни се подготвува. Наивно допуштивме контролата на дигиталните медиуми и инфраструктура да се концентрира во рацете на малкумина американски олигарси. Крупниот технолошки бизнис, сега е орудие на Доналд Трамп.

Џеф Безос го „стерилизираше“ Вашингтон пост, Марк Цукерберг ја прекина проверката на содржините на Мета, а Гугл најверојатно ќе го следи неговиот пример.

Американските технолошки олигарси – Џеф Безос, Марк Цукерберг, Сам Алтман, Тим Кук и Сатја Надел од Мајкрософт му дадоа на Трамп донации од по милион долари за инаугурацијата.

Трамп и има „фрлено око на Европа“, а крупната технологија сега е под негови закрила. Цукерберг неодамна изјави дека Трамп ќе ги брани големите технолошки компании од ЕУ. Потпретседателот Ванс во ноември се закани дека САД „ќе го изгладнуваат НАТО ако ЕУ ги примени своите правила против мрежата Х“ на Илон Маск.

Европа е меѓу два огна. Русија замалку не успеа да се вплетка во изборите во Романија членка на ЕУ и во Молдавија која е земја кандидат, користејќи ги Тикток и Мета.

Ова е криза. Либералната демократија ќе биде распарчена доколку Урсула фон дер Лајен не преземе нешто брзо. Американските и кинеските технолошки олигарси ги контролираат алгоритмите кои го обликуваат начинот на кој Европејците го гледаат светот на социјалните мрежи. Нивните системи го засилуваат гневот и ги вртат нашите заедници едни против други. Забележано и дека промовираат самоповредувања и самоубиства на детските налози.

Што би требало Европа да стори? Брисел мора да ја разбие манипулативната машинерија на крупната технологија. Најавата на Цукерберг дека Мета ќе ги укине тимовите за проверка на факти на своите мрежи, всушност не значи ништо. Челниците на компанијата се одамна свесни дека никакво модерирање на содржини не може да го реши проблемот кој го создаде нејзиниот сопствен алгоритам.

Во интерното истражување што пред две години протече во јавноста се вели : „Никогаш нема да отстраниме се што е штено од комуникациските медиуми што ги користат толку многу луѓе“. Во анализата на алгоритамот на самиот Фејсбук од 2016 се наведува дека 64 насто од случаите на придружување кон екстремистички групи се должат на Фејсбук. Сега Цукерберг најавува дека Мета ќе ги засили препораките со политичка содржина.

ЕУ би требала итно да направи неколку работи за заштита на демократијата. Прво треба радикално да ги забрза правните постапки во согласност со Законот за дигитални услуги против користењата на алгоритмите кои ги манипулираат политичките дебати. Доследната примена на тие правила моментално би ги исклучила алгоритмите на крупните техно компании и би ги вратила платофрмите на зланото време пред да се користат алгоритмите. Одлуките за тоа што ќе кажат, што ќе видат и што ќе споделат со своите пријатели повторно би ја носеле луѓето, а не алгоритмите.  

Националните власти во Европа треба да преземат сериозни мерки за да ги исклучат алгоритмите на крупните технолошки комапнии од своите пазари веројатно со директива за аудиовизуелни услуги, пропис на ЕУ кој е во голема мерка занемарен, а кој ги регулира аудиовизуелните содржини.

Забрзаниот процес на одвојување од руската енергија покажа дека Европа може да делува одлучно. ЕУ мора да реагира брзо и смело. На европската демократија и се заканува голема опасност.Тоа е битка која не може да се избегне.

Гардијан

 

Слични новости

Капитализмот е мртов: Да живее технофеудализмот

Пазарите, медиумот на капитализмот се заменети со дигитални платформи за тргување, кои личат на пазари, но не се пазари. А профитот, моторот на капитализмот е заменет со неговата претходна форма од феудализмот-рентата.