Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД.

Во нападот, во кој биле користени ракети и беспилотни летала, оштетени се неколку американски авиони за танкирање гориво, а двајца војници се здобиле со тешки повреди.

На интернет се објавени и сателитски снимки на кои се гледаат оштетувањата на авионите.

Овој инцидент доаѓа само еден ден по изјавата на претседателот Доналд Трамп дека Иран е „поразен“ и тврдењето на министерот за одбрана Пит Хегсет дека иранските сили се неутрализирани со невидена ефикасност.

 

Слични новости

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.